Ана

Ана Дојчиновска е кон крајот на студиите на психологија, таа вистински ги сака и работи со деца. Се вложува да му помогне на секое дете да го постигне моменталното најдобро без разлика на попреченоста и околностите. Срцето и го полни секој здив земен на планина и секој контакт со нашата мајка природа. За неа волшебно чувство е правењето поздрав на сонце на отворено, гледајќи во сонце.
Првиот поздрав на сонце и првиот контакт со Аштанга јогата го прави кај нашата учителка Сања и оттаму Ана и јогата не се одвојуваат.
За неа јога праксата е скоро исто совршена колку и човечкото тело. Аштанга јогата и помага да осети баланс меѓу левата и десната страна на телото, меѓу статичноста и движењето, меѓу срцето и умот. Затоа, подлабоко придвижува кон искусување на јогата со посета на работилници и курс за јога учители кај Неда Коцаре. На неа не и се верува колку јогата може да влијае на свежината и добросостојбата на личноста и опкружувањето. Тоа и е најголемата мотивација за да ја шири јогата и да биде јога учител.
Кога би зборувала со јогата би и кажала: Фала ти јогицо што ми овозможуваш да бидам свесна и одговорна личност со дух на радосно и насмеано дете.
Ана држи Power Ashtanga во вторник и четврток од 18:45-20:00 часот. Повелете!