Ана Велкова е инспиративна, млада мајка, која веќе осум години активно ги истражува планините како спортист и авантурист, а со истиот дух на преданост и почит кон природата, ја изучува
и аштанга јогата. Со љубопитност на дете и огромна желба за знаење, темелно ја анализира аштангата во вид на основа за модерните стилови, како power yoga. Главниот акцент во нејзините часови по power yoga е ставен на континуирано, но контролирано движење на телото, синхронизирано со дишењето. Бавните пулсирања во некои положби на асаните имаат функција на стекнување мускулна сила, додека самите асани се најдобар начин за зголемување на флексибилноста на зглобовите. Целта на овој баланс меѓу сила и еластичност е развивање на своја дисциплинирана пракса, преку која доаѓаме до внатрешен мир кој ни помага да се справиме со немирите од надворешниот свет. Наоѓајки фокус во себе можеме да елиминираме сѐ што пробува да ни одвлече внимание од целта, и култивираме внатрешна сила.