Аштанга Мајсор е традиционален формат на вежбање Аштанга јога според традицијата на Шри К. Патаби Џоис. Секој практикант вежба самостално (што значи дена овој час не е воден), во присуство на учител што го набљудува прогресот на практикантот, му помага при изведување одредени асани и го мести правилно во асаните. Сите нивоа се добредојдени.
Преку овој метод, може да се посвети индивидуално внимание на секој студент, без разлика каде се наоѓа тој/таа во својата пракса. Практикантите исто така можат да го пратат своето сопствено темпо (својот сопствен здив) и да работат според своите индивидуални потреби.
Нови студенти (почетници) добиваат пократка серија на асани која што треба да ја практивуаат, и од час на час се додаваат асани според прогресот.
Времето за пракса е предвидено од 7:30 до 10 наутро. Ова е време кога учителот ќе биде во шала – но вие можете да дојдете во кое време сакате ( во зависност од тоа колку време трае вашата пракса или колку време сакате да вежбате тој одреден ден) почнувајќи од 7:30 наутро но имајте на ум дека до 10 часот ќе мора да ја завршите вашата пракса и да ја напуштите шалата.
Придобивки од вежбање Аштанга Мајсор се:
– зајакнување и тонирање на телото
– рамнотежа меѓу сила и флексибилност
– ново-пронајдена љубов кон нашето тело
– агилност и будност на умот и психата
– не-реакција на страдањето од условеното постоење
– простор за набљудување на нашиот животен процес
– не-апсолутистичка отвореност кон нас и нашата околина