Билјана

Билјана Пенкова е одделенски наставник, ги сака децата и со љубов работи со нив.
Секогаш се вложува да му помогне на секое дете да го постигне најдоброто.
Првиот контакт со јогата го прави уште на 17 годишна возраст и оттогаш јогата за неа е
најважната физичка а воедно и психичка вежба.

За неа јогата значи баланс, физичка вежба, смиреност, добросостојба на личноста и
опкружувањето. Придобивките кои ги добива од јогата ја мотивираат да се запише на
обуката за учители по јога предводена од Неда Коцаре. Таа сака да му помогне на секој
студент да ги пронајде придобивките што и самата ги има добиено преку јогата. Тоа и е
најголемата мотивација за да ја шири јогата и да биде јога учител.

Билјана држи Хата јога со вклученост на пранајама и медитација (визуелизација) во
вторник и четврток од 10 часот и Јога за деца во сабота од 10.30 часот. Повелете!