Бојана

Бојана е дипломиран новинар и менаџер за односи со јавност, а моментално студира Бизнис логистика. Нејзиното јога патување започна во 2016 та преку домашна пракса, но ова беше само почетокот.

Праксата се обиде да ја надополни со посетување на хата јога часови во Полска, но по враќањето во Македонија љубопитноста за внатрешниот пат се повеќе растеше, па така таа реши да експериментира со динамичен вид на јога. Бојата се вљуби во Аштанга јогата бидејќи според неа е се она што треба да содржи една пракса, физичка сензација, духовен стимул и комплетно предавање на сегашниот момент.

Дисциплината што се стекнува во Аштанга јогата е причина повеќе за Бојана да го практикува овој вид на јога и да сака да го сподели. Јогата прави да се чуствува стабилно, избалансирано и смирено, и според неа тоа е вистинското блаженство кон кое сите целиме.

Часовите на Бојана држи Power Ashtanga за почетници секој Понеделник и Среда од 20:12- 21:30.