Будење светлина – Утринска Винјаса

Будење светлина – утринска винјаса

Ве покануваме на час кој низ здив и движење ќе ги наштима нашите внатрешни механизми, да нѐ спреми за денот што следува и да нѐ прати будни во секојдневието.

Преку физичкото тело ќе го развиваме суптилното енергетско тело да сјае, за таа светлина да привлече успеси во сите наши намери. Со штимањето на нашите фреквенции се поврзуваме со повисоки вибрации и стануваме магнет за сѐ што ни служи да светиме.

„По утрото се познава денот“ затоа што на почеток се поставуваат намерите и така се акумулира волјата да се остварат.