Горјана

Како активен работник во музичката индустрија и брзото темпо кое таа го налага, Горјана конечно ја наоѓа својата пракса во јогата. Зачудена од тоа како е возможно да постои толку возвишена дисциплина која истовремено ги активира и поврзува телото, умот и душата, таа веднаш паѓа во љубов откако Неда прв пат ја ослободува да застане на глава и да летне високо над себеси. 


Набрзо потоа, таа чувствува голема страст и интерес спрема се’ што опфаќа дисциплината јога и го продлабочува своето знаење преку курсот за учители кој го држи нејзината учителка, ментор и ослободувач – Неда Коцаре. Оваа одлука понатаму позитивно влијае врз нејзината рутина, здравје и умствен баланс.

Организирањето на фестивали во хаотична средина и’ помогна на Горјана да разбере како со смиреност и јасна прецизност да ги води часовите.Праксата која ја држи е исполнета со истрајните асани и дисциплинираните секвенци на Аштанга јогата, додека на сето тоа додава и малку зачин за да го смири модерниот – неуморен ум. 


Со фокус на длабоко дишење (уџаи здив), повлекувањето во себе и цврсти асани – на часовите на Горјана ќе ја доживеете јогата како единствена дисциплина која успева да ви ја даде потребната истрајност во животот и да ви го ослободи срцето за да примите и дадете уште повеќе.