Даринка е дипломиран економист која своето внатрешно патување го почнува пред 3 години. Ова патување и го променува погледот на светот и и внесува целосна трансформација во животот.
За нејзе јогата е игра која го буди детето во неа и ја учи да го слуша внатрешниот глас кој е желен за промени, љубопитност, креации, уживање во благодетите на животот и внатрешен мир.
За Даринка, внатрешниот мир се постигнува кога ќе го поздравиме мигот на сегашноста со љубов, вера и надеж во срцето . Со други зборови, јогата е совршена алатка за да го пронајдеме внатрешниот мир, затоа што токму таа ни помага да го поздравиме секој миг со присутност.
Духовноста која ја развива преку јога праксата секојдневно ја потсетува дека вербата е најголем пријател на душата и дека се во животот се случува со причина, дека не сме случајно на овој свет туку сме дел од една поширока слика.
Токму овие благодети што Даринка ги има искусено преку јогата, се истите што таа ги пренесува во нејзините часови. Нејзиниот пристап е нежен но цврст, гласот милозвучен но намерен, а праксата смирена и доследна.
Даринка ќе држи часови по ресторативна јога + јога нидра секој петок. Во првите 40 минути од нејзинот час ќе имате можност да ги осетите благодетите на ресторативната јога. Преку истата, ќе го активираме парасимпатичниот нервен систем преку кој ќе се намали крвниот притисок, отчукувањата на срцето и ќе му се дозволи на телото да се регулира самостојно. Истото доведува до ублажување на вознемиреност, стрес, депресија, и физичка напнатост. За потоа, преку јога нидра да нурнеме во една лековита и долга медитација.
Даринка ќе држи ресторативна + јога нидра секој петок од 20:30 часот.