ЗИМСКА КРАТКОДЕНИЦА

21 декември или зимска краткоденица, деноноќието кога денот е најкраток а ноќта најдолга. Краткоденицата го означува и преодот на годишните времиња од есен кон зима  на северната земјина полутопка. Почеток на нов циклус, ново годишно време и време на внатрешна рефлексија. Спротивно од ова, декемвриската краткоденица на јужната хемисфера го означува почетокот на летото и е време на надворешно изразување.

Без разлика на која страна од светот живееме, декемвриската краткоденица отсекогаш се поврзувала со планетата Сатурн бидејќи краткоденицата е обележана со сонцето во владејачкото соѕвездие на јарец, домот на Сатурн. Како што сонцето влегува во јарец, така се потсетуваме да размислуваме не само на годината зад нас, туку исто така и да подзапреме и да видиме каде сме ние сега. Оној миг на рефлексија, еден миг на ‘стој’ каде застануваме и ќе продолжиме да работиме само ако нашите акции се усогласени со тоа каде сакаме да бидеме. Како што е и зимата, дрвјата се голи, животните во хибернација, целата природа се забавува со цел да се регенерира. Ние исто така сакаме да ја зачуваме нашата енергија за подоцна. По краткоденицата, ќе биде важно да се движиме со побавно темпо и да не брзаме напред. Додека работите изгледаат како да се движат бавно однадвор, внатре во внатрешноста е многу различно. Додека ние ‘хибернираме’, ни се дава можност да погледнеме во нашиот внатрешен свет.

Повеќето од нас ја минуваме годината во постојана состојба на зафатеност, така што се поретко застануваме да паузираме и да видиме што влегува внатре во нас, што не допира, да исфилтрираме. Енергијата на декемвриската краткоденица ни дава можност да видиме што се случува на ниво на нашето срце и душа. Ни се дава можност да се повлечеме и да се откриеме на едно ново ниво. Ова е време од годината кога сите нерешени мисли и емоции се појавуваат со цел да бидат исчистени и обновени. Истата оваа енергија е присутна и во јужната хемисфера, но таму се манифестира малку поинаку. Наместо хибернација се охрабрува да се излезе надвор, да се види светот и да се превземе акција. Иако северната и јужната хемисфера добиваат различни изрази на оваа енергија, тие две постојат во хармонија меѓу себе, како јинг и јанг. Двете енергии се различни но прават хармонија меѓу себе, работат во синхронизација една со друга.

Декемвриската краткоденица, особено оваа во 2017, каде и Сатурн менува знак од стрелец во јарец и се враќа повторно дома во јарец од далечната 1991 година, ќе биде важно да се превземат работите во свои раце. Сатурн е планета на рестрикциите. Таму каде што Јупитер прави експанзија, таму Сатурн става граници. Сатурн не потсетува на нашите граници и обврски, става дефиниција на нашите животи. Па така, време е да се погледне длабоко во суштината на нашиот живот и со таа енергија да се впуштиме во новиот циклус на материјализација на ниво на материјалниот свет.

Време е да земеме длабоко здив и да дишеме во фреквенција на срцето!

Намасте.

 

Автор: Илина Здравев