Ивана

По долгогодишно игнорирање на повикот, Ивана ја открива јогата и во истиот момент се заљубува, што неколку години подоцна ја носи на прагот на Inside Yoga со желба да ја надгради сопствената пракса и таму се сертифицира како учител. Откривајќи нови простори во себе, нови спознанија за светот и луѓето, се открива како студент за цел живот.

Ивана поракј многуте капи што ги носи секојдневно, ја носи и капата на фотограф. Присутноста и моќта на набљудување е еднакво битна во фотографијата како и во јогата, и тоа и дава една уникатна преспектива на Ивана како учител, затоа што таа може паралелно да црпи од два извори и да ги надополнува еден со друг.

Ивана е Љубов. Од моментот на првиот контакт со оваа прекрасна јогинка, ќе осетите неизмерна љубов како излага од секоја нејзина пора. Посветена, искрена, и неизмерно нежна – Ивана ќе не однесе на едно патување кое ќе не остави и нас спремни да се посветиме на нашата околина со искреност и нежност, и со зголемена самодоверба.

Нејзините часови се стремеж да се создаде рамнотежа меѓу телото и умот, со работење на физичкото тело да се допре до суптилното енергетско тело. Низ движења што го следат дишењето, винјаси кои ги спојуваат позите, Ивана сака да ве води на патување во себе, за од студио да излезете насмеани, појаки, исправени, и со отворени срца.