Илина ја започнува својата јогиска пракса самостојно, практикувајќи ја најпрво како филозофија на живеење и размислување, за подоцна и преку истражување и испробување на различни стилови на јога да се пронајде себеси во Винјаса и Аштанга јогата. Низ годините на активна домашна пракса, позрело разбира што значи јогата за неа и оттаму тргнува во исполнување на својот јогиски пат со обука за учители преку која се здобива со сертификат на регистриран јога учител.
Како ученик во јогата, активната јогиска пракса ја има научено на тоа дека менталната пракса е онаа за која треба да имаме флексибилност. Тоа и се стреми да го пренесе преку часовите, со течението на праксата да отворите нови простори во умот и телото, да се поврзете со сопственото течение и преку сето тоа да ја разберете автентичноста на вашата природа.