Калина

 

Калина е студентка на Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје. Таа доаѓа од Ресен и со јогата првпат се среќава на 16 години за подоцна, постепено низ годините да ја продлабочи нејзината љубо(питност)в кон праксата со посетување на Хата jога часови како и низ нејзината индивидуална пракса.

Оваа љубов ја истражува и преку читање на антички индиски текстови. За неа, љубовта кон книжевноста и таа кон јогата се надополнуваат – заедничко за нив е стремењето кон повисока свест и препознавањето на себеси во другиот.

Кога дознава за обуката за јога учители предводена од Неда Коцаре, не може да ја игнорира интуицијата и огромната желба да се спознае себеси и светот низ оваа призма и веднаш се пријавува. Низ обуката подлабоко се запознава со Аштанга јогата и целосно се вљубува во неа. Се вљубува во телесноста и ослободувањето од истата.

За Калина, јогата претставува константа во животот која не’ учи да бидеме свесни во секој момент, да бидеме одговорни (за себеси и за другите) и присутно да го обзервираме светот и нашето секојдневие. Смета дека Аштанга јогата не’ учи како да уживаме во нашето тело преку дисциплина и игра.

Калина држи аштанга јога секој понеделник и среда од 20:15 до 21:30.