Крешнике

 

Крешнике „Нике“ Рахмани е голем љубител на спортот. Родена во Кичево, прво почнува да вежба гимнастика, а потоа продолжува професионално да игра одбојка. По професија е информатичар, но љубовта кон спортот и природата не и стивнува и покрај нејзините професионални ангажмани.

По преселувањето во Скопје, доаѓа на својот прв јога час. Јогата ја изненадува целосно затоа што е многу поразлична од нејзиното претходно искуство во спортот. По некое време истражувајќи го светот на јогата, доаѓа на својот прв аштанга јога час кај Неда. Малку скептична кон повторувачката секвенца на Аштангата, Нике, сепак со дисциплината што ја има веќе изградено преку досегашното искуство со спорт, одлучува да истрае, и по некое време да се заљуби во аштангата и открие новитет и предизвик каков што претходно нема искусено. Таа денес со гордост се декларира како аштангист. 🙂

Аштангата дополнително ја зајакнува нејзината дисциплина, и помага подобро да се спознае себе си, и ја открива духовноста што јогата ја носи. Почнува да забележува како е потрпелива, полесно ги прифаќа луѓето околу себе и околината, и чувствува зголемена мотивација да делува со поголем интегритет во секојденвниот живот.
Нике го наоѓа својот внатрешен мир.

Овие придобивки кои ги добива од јогата ја мотивираат да се запише на обуката за учители по јога. Се запишува со цел да стане уште подобар човек, без идеја дека би ја пренесувала оваа пракса понатака. Меѓутоа по успешно завршување на обуката, и можноста да држи часови, Крешнике повторно наоѓа нов предизвик, и тоа да помогне на секој студент да го пронајде она чувство што она самата го има добиено преку јогата.

На Нике мотото е „светот е добро место, но со јогата станува уште подобро.“

Нике држи аштанга јога секој понеделник и среда од 20:15 до 21:30.