Марина

Марина е вљубеник во јогата.

Со преселувањето во Скопје започнува по суштинско јога патување. Нејзината љубопитност за јогата ја носи на прагот на Inside Yoga која ја има прати подолго време. Запознавајќи ја нашата учителка Неда е клучниот момент да се одлучи да се запише на обуката за јога учители.

Почнува со практикување јога уште во Кичево, откривајќи ја благодарение на болките во грбот кои и се јавуваат после подолго време поминато на нозе за време на работата. Првично како решение за физичката болка кое со тек на време се претвори во нешто подлабоко. Практикувајќи ја како домашна пракса се по редовно, следејќи разни јога видеа се буди желбата да дознае и научи што повеќе за јогата. И се допаѓа состојбата на умот и телото кои и ги подарува јогата за време на праксата и после неа тој мир, спокој и исполнетост.

Според Марина, вклучувањето на обуката за јога учители е една од најдобрите одлуки што ја има донесено во својот живот. Тука се запознава со Ashtanga Yoga која сега ја доживува како нејзина јога која и дава внатрешен мир, чиста свест, знаење, дисциплина и и помага подобро да се спознае себеси.

Марина дрши Аштанга за почетници секој вторник и четврток од 20:15 до 21:30 часот. Часовите на Марина се фокусирани, енергетски избалансирани, и многу внимателни.