Марија

Марија Димишковска – Маца е предана јогинка што долго време посетувала часови по хата јога во Центарот за Јога и Духовен развој -Скопје кај Весна Алексовска. Oдтука наоѓа нов предизвик, дознавајќи за Аштанга Јога и прекрасната личност и учител Неда Коцаре, и се приклучува на YTT 200 курсот во INSIDE YOGA и почнува со овој систем.

Накратко Маца би ја опишале како мирна,смирена и полна со љубов и позитивна енергија што ја шири насекаде. Јогата ја смета за Умешност-Уметност, благослов со еден куп бенефити, и една серозна дисциплина и наука што нуди многу знаење и подобрување на животот во секоја гледна точка. Со помош на Јогата, Маца верува дека ние учиме како да ги усовршиме нашето тело, ум и дух, и да се спознаеме вистински себе си, без нашето лажно его.

По струка е Археолог и преку Археологијата за првпат доаѓа до допир со Јогата како Уметност и стекнува филозофско-историско знаење за истата. Успешно амалгамира со Старата Источна Филозофија и Уметноста, и ја инегрира оваа древна праска во нејзиното секојдневие. Долгогодишен активист, артист и член на невладината организација А.Р.Т Институт, издава свои ум.дела и инсталации, изработува природни сапуни и дела по нарачка на фб.страната-Makoto Crafts. Исто така ги оддржува Работилниците за Мандали во нашето студио заедно со Викторија Попоска..

Нејзините часови се состојат од – вежби за дишење (пранајама), положби на телото (асани), медитација, како и релаксација со визуелизација.  За време на часот ке останете присутни и сосредочени слушајки го нејзиниот пријатен, милозвучен глас и ке искочите балансирани и релаксирани, спремни за остатокот од денот да ви пројде во мир и хармонија.