Маја Јакимовска или Maya TheBee, како што најчесто сака да ја нарекуваат, е лиценцирана учителка по јога (200ч, Јога Алијанса) и страстен јога практикант. Откако ја вметна јогата во својот живот, тој доби друга димензија и целосна смисла. За Маја, јогата е уметност. Танц на умот и телото на музиката создадена со здивот. Вдишување и издишување. Длабоко. Патување навнатре со секое вдушување, секојпат подлабоко во себе, таму внатре во спокој и мир. Патување надвор со секое издишување на спокој и мир. За неа јогата е длабочина. Не е само циркус на телото од најразлични јога положби. Покрај толку многу правци и стилови на вежбање, традиционални и многу нови модерни, за Маја иако во моментов се задржува на аштанга јога, целта е иста иако патиштата се различни. На крајот се сведува се на контрола на умот и умереност во се. Скромност, искреност, љубов, посветеност и страст за се и во се. Јогата е љубов. Уметност. Филозофија. Стил на живот. Те соголува пред себеси се додека не се пронајдеш вистински. Потоа си спремен за нови предизвици, посилен, влегувајќи во светот. Свој. Човечен.
Покрај веж
бањете на нејзините часови во студио заедно со своите студенти, Маја одржува и редовна, секојдневна домашна пракса и своите искуства и доживувања од истата ги преточува во текстови на нејзиниот блог посветен на јогата www.mylifeonyoga.wordpress.com. Секогаш се труди часовите да бидат интересни и различни, и на своите студенти да им го пренесе сето свое знаење и искуство со јогата. Секое утро е на простирката за вежбање, местото каде станува комплетно своја. Сите слоеви паѓаат, таму на таа простирка за вежбање. Болка, тага, радост, среќа. Простирката впива се. Стануваш ранлив, осетлив. Сите болки и таги излегуваат на површина, ги лупиш сите тие слоеви и наоѓаш нови убавини во себе. И се е тоа дел од твоето постоење.
Можеш ли и ти да го направиш истото? Сакаш ли да ја најдеш и да и се вратиш на својата природна состојба, да постоиш, тука и сега во мир и спокој наспроти хаосот на светот? Можеш и ти да застанеш на јога простирката и да запловиш во своите длабочини. Да пловиш се додека не ги најдеш мирот и спокојот. Секој ден, дел по дел, подлабоко во себе. Потоа да ги меморираш тие состојби кои јогата ти ги носи на простирката и да се впуштиш во светот полн со хаос и сивило.