
Јогата ја запознава примарно во потрага по воздух. Бенефитот кој го добива од вежбањето ја поттикнува подетално да се вклучи и да почне да ја запознава од секој аспект. Така ја започнува обуката за јога учители кај Неда Коцаре, а завршувањето на истата резултира со голем пресврт во нејзиниот живот. Праксата толку ја буди желбата во
Надица за подетално запознавање на јогата и поинтензивно вежбање што неможе повеќе да замисли еден ден без пракса.
Јогата за Надица значи дишење, живот, будење, мотивација, желба за подобра верзија на себе. Можност за подобро запознавање себеси и тестирање на своите граници. Како фармацевт по професија секојденвно се соочува со здравствени проблеми кои ги имаат луѓето како од физичко така и од психолошко здравје. Балансот кој се постигнува со јогата е идеално решение и терапија за двете. Според неа, јогата не учи како да дишеме, како да истраеме на предизвици, како да го движиме нашето тело во баланс, како да бидеме трпеливи и да го контролираме стресот, како да ја водиме нашата енергија и како да го земеме животот во свои раце, а тоа не прави способни да им помогнеме на другите и на околината. За Надица јогата е терапија и за умот и за телото. Токму поради овие бенефити сака да го даде својот допринос во вашата трансформација и да ги сподели сопствената смиреност и баланс, кои ги стекнува благодарение на нејзината лична пракса.
Надица држи утринска винјаса јога секој понеделник, среда и петок од 10 до 11:15 часот.