Нена

Нена е дипломиран професор на факултетот за Физичко образование, спорт и здравје. Јога нидра е нејзиното прво искуство со јогата, кое уште од првиот пат остава траен отпечаток врз неа. Чувството после јога нидра ја потсетува дека ние сме една целина и секој дел од нас е подеднакво драгоцен; дека имаме мало и до мало прсте на стапалата на кои што им е потребна еднаква доза љубов и внимание како и на сите наши составни делчиња. Нејзината желба за да почувствува и дознае многу повеќе за јогата станува реалност со запишување на обуката за учители предводена од Неда Коцаре. Тука започнува нејзиното вистинско патување и самоспознавање, кое што истовремено ја буди нејзината желба да им помогне на другите да го пронајдат мирот и самоспознавањето што Нена го искусува самата преку јогата.

Јогата на неа и помага да се врати во својата вистина, да се потсети колку е драгоцен секој здив што го земаме, да сфати колку е прекрасна тишината и колку многу можеме да слушнеме во неа. За нена, јогата не поврзува, не приземљува, не возвишува, не буди, не смирува, ни
отвора нови врати, ни затвора се што веќе не ни е потребно.

Часовите на Нена се комбинација од ресторативна јога и јога нидра. Во првите 40 минути од нејзинот час ќе имате можност да ги осетите благодетите на ресторативната јога. Преку истата, ќе го активираме парасимпатичниот нервен систем преку кој ќе се намали крвниот притисок, отчукувањата на срцето и ќе му се дозволи на телото да се регулира самостојно. Истото доведува до ублажување на вознемиреност, стрес, депресија, и физичка напнатост. За потоа, преку јога нидра да нурнеме во една лековита и долга медитација.

На часовите на Нена ќе ги опуштите сите напнати мускулчиња, со секој здив ќе си дозволите да си дадете простор и време за себе. Нена ќе ви подарува непрестани насмевки кои ќе ни ја топлат душата низ оваа нежна пракса само за себе.

Нена ќе држи ресторативна + јога нидра секоја сабота од 18:30 часот.