Обука за Учители по Јога – 1ва генерација

Сертифицирани учители:

Ана Велкова – Ана Велкова е релативно нова кон светот на Аштангата. Меѓутоа нема да сретнете по посветен студент на овој систем од нашата драга Ана. Она е пример за студент. Најмладата млада учителка 🙂 , Ана инспирира со секоја клетка од нејзиното битие. Млада мајка, докажан спортист и авантурист, со истиот дух на преданост и авантура Ана почнува да ја изучува и аштангата. Впива знаење како сунѓерче, со љубопитност на мало дете и огромна желба за знаење.

 

Ана Лазаревска – Ана од најмали години почнува по патот на само-спознавање. Пред некоја година ја открива Аштангата и по некое време чувствува дека тоа е нејзиниот пат и се приклучува на обуката за јога учители.  Ана не се опишува со зборови. Дојдете да ја осетите душата на оваа прекрасна јогинка. Ако сте среќни да ве гушне, ќе го осетите универзумот во цела негова убавина.

 

 

Викторија Попоска –  Викторија е прав уметник. Знаете онаа кога ќе ја видите еднаш и ќе ја погледнете уште еднаш? 🙂 . Каде и да се појави, останува врежана во сечива меморија засекогаш. Нејзината јога пракса е елеганција во движење. Да седнеш на под во лотос, и да ја набљудуваш час и половина и да си ја нахраниш душата. Движењата и се спори, намерни, длабоки. Таа гледа испод површината. Длабоко, длабоко испод неа. Предан јогин, академски сликар, широк човек, Викторија е вечен патник во потрага по единството.

 

Ивана Батев – Ивана поракј многуте капи што ги носи секојдневно, ја носи и капата на фотограф. Присутноста и моќта на набљудување е еднакво битна во фотографијата како и во јогата, и тоа и дава една уникатна преспектива на Ивана како учител, затоа што таа може паралелно да црпи од два извори и да ги надополнува еден со друг.  Ивана е Љубов. Од моментот на првиот контакт со оваа прекрасна јогинка, ќе осетите неизмерна љубов како излага од секоја нејзина пора. 

 

Илина Здравев – Ах Илина Илина… Тие прекрасни backbands или heart openers. Ако сакате да видете срце широко отворено,тогаш дојдете во петок да ја видите Илина како води една убава динамична јога со нејзиното срце широко отворено. На прв поглед можеби ќе си помисите дека Илина е срамежлива и повлечена девојка. И можеби и тоа е така делумно, но меѓутоа како и се друго што навистина вреди, така и оваа јогинка треба да и дадете време да ја запознаете и да ја препознаете нејзината неизмерна вредност. Срдечна, претпазлива, промислена, внимателна, и бесконечно нежна.

 

Коста Пандиловски – Коки е предан аштангист. Иако релативно скоро го открива овој древен систем на практицирање Јога, Коста од почетокот на својот јога пат е посветен кон Аштангата. Прва љубов му е, и останува и последна, за сега. 🙂 Коста веќе има искуство и во држење аштанга во Скопје. Коста е самоуверен и снажен јоги со срце на војник и душа на дете. Ќе ве плени со неговите скокови ( затворете ја устата хаха ) , меѓутоа и со неговото all-around знаење околку аштангата.

 

Лејла Рамковска – Бестрашната Лејла ни помога да ја зголемиме нашата лична енергија и да го искористиме изливот на позитивна карма од оваа полна месечина за да ги исполниме нашите желби.
Да, таа е Лејла, нашата бестрашна магионичарка, која инспирира секојдневно со нејзиниот отворен поглед кон светот, нејзината храброст и силна воља.

 

 

Ленче Јовановска – Ленче е долгогишен јога практикант.  Ленче е инспирација за сите нас. Секоја сабота во 2 саатот наутро фаќа воз од Битола да дојде за Скопје и да ја посетува обуката за јога учители. Останува до понеделинк и потоа повторно си се враќа за родната Битола. Секогаш навремена, секогаш желна и спремна за повеќе и повеќе јога во нејзиниот живот, Ленче  ни пренесе на сите нас неизмерна љубов. Оваа јогинка поседува дух чист и храбар како на дете. Сите кога ни е потребна малку мајчинска љубов, се вртиме кон Ленче за една долга и многу силна гушка.

 

Љупка Наум Лилиќ – Љупка по струка е Психолог. Психологијата како и Јогата имаат една цел а тоа е само-спознавањето. За тоа е Љупка експерт. Прво ке ве опушти со нејзиниот смирен глас и нејзината убава енергија, потоа ќе ве однесе на едно внатрешно патување каде што ќе имате прилика да се сретнете со работи кои највероватно ви се добро познати но долго избегнувани, за на крај да се најдете повторно назад неизмерно присутни во вашето тело, со ново пројанјдена самодовера, спремни да го видите за прв пат своето вистинско Јас.

 

Маја Јакимовска – За Маја јогата претставува составен дел од нејзиното секојдневие. Започнува со хата јога а потоа полека се префрла на подинамични стилови, додека конечно не се сретне со Аштанга Винјаса системот.  Со долгогодишно практикување на овој древен систем за вежбање (соединување) на телото , умот и духот, Маја знае и од лично искуство да ви ги пренесе бенефитите од истиот систем. Пчеличката Маја сака да го шири своето знаење за јога од цвет на цвет ( од човек до човек), па и затоа го има овој надимак , затоа што е задолжена да го шири нектарот на јогата во нашата околина.

 

Марија Димишкоска – Маца е предана јогинка што долго посетувала јога во Јога Сојузот на Макеоднија и ги има поминато сите степени кај нив. Од тука, бара нов предизвик, и дознавајќки за Аштангата, одлучува да ни се приклучи на нас и почнува и со овој систем. Она ја сака јогата во целост, и не е врзана за ниеден посебен стил. Мила, смирена, и љубовна е трите зборови што би ги искористила да ја опишам енергијата што ја шири околу себе Марија. Покрај нејзе одма наоѓаш некој внатрешен мир, што можеби претходно не бил таму.

 

Маријана Јаневска – Маријана, освен предан млад аштангист, е предан млад композитор. Тазе завршена на Музичката Академија во Скопје, моментално се експонира по Балканот со нејзините преубави композиции. Ако отидете на концерт ќе се изненадите (можеби) од нејзините бурни композиции, затоа што нејзината душа е мирна, сталожена и неизмерно радосна. Оваа млада јогинка и аштангистка, носи убавина и мелодија во која и просторија да стапне.

 

Слаѓана Јаречевски Лазаревска – Слаѓана е диететичар, реики исцелител, и сега и јога учител 🙂  Но, Слаѓана е многу повеќе од овие “титули”. Слаѓана е прекрасна и невороватно храбра личност. Не инспирира сите нас со нејзината желба и отвореност да ги надмине своите лични стравови. Она ги носи во себе сите елементи на еден вистински јогин: понизна, нежна и самосвесна, Слаѓана решително чекори по својот пат на самоспознавање. Иако изобилува со невероватно знаење го гледа секој момент како нов , секогаш со отворен ум и жедна за знаење.

 

Тина Караташева – Тина Караташева е предан Аштангист. Нејзиното искуство го има стекнато патувајќи низ светот, прво во Америка па во Холандија, па на крај си доаѓа во својата родна Македонија и тука ја наоѓа совршената програма за Обука на Учители од 200 саати по Аштанга Јога. Тина ќе ве плени со нејзиниот фокус, преданост, и љубов кон аштангата. Тина е прав воин на светлоста!! Во нејзините очи одма ќе го препознаете духот на правиот јогин!