Обука за Учители по Јога

Inside Yoga Скопје започнува со уписи на осма генерација учители по јога.

Учество во програмата за обука на учители по јога е првиот чекор во едно внатрешно (Inside yoga ) патување кон себе.  Со длабоко себе спознавање, успеваме и подобро да го спознаеме и прифатиме и светот околку нас.

Оваа обука е и првиот чекор на вашиот пат како инструкотри по јога. Обуката е наменета да постави една основа од која ќе можете понатака да го надградувате вашето знаење, а истовремено и да го пренесувате она веќе искусеното на другите.

Обуката за јога учители со Неда Коцаре е навистина едно трансформативно искуство, патување во себето и наоѓање бесконечен простор во себе и околу себе. Со еднакви дози фокус на пракса и филозофија, нејзиното огромно знаење и долгогодишно искуство се преточува без резервно. Низ обуката поставувуваме едно огледало пред себе и низ текот на целата го чистиме тоа огледало за да се огледаме, во еден простор кој со другите ученици учители станува крајно интимен и искрен, создавајќи конекции кои ќе ни траат цел живот. Премалку е да се каже дека се учат асани, пози и дишење. Се учи праксата на јога, на скромен и исконски начин, што е на некој начин одучување на несвесните пракси што сме ги акумулирале. Будење на учителот што го носиме во нас. Наоѓање на себе, точно каде треба да бидеме

 Ивана

Обуката за јога учители на Inside yoga е патување на умот, телото и душата, преку oбединување, спојување на искуствено учење и практика на ‘’пристигнување во своето патување’’.

Првиот впечаток што го добив кога се распрашував за програмата беше само пријатно, смирувачко, добредојде од Неда Коцаре. Оваа обука е основана со срце и зрачи топлина на сите нивоа, а Неда е учител, кој учи од срце и е чувствителна на уникатното искуство на секој студент. Оваа обука е место за будење на вашата душа, место  за да го пронајдете вистинското прекрасно во себе, со најголема нежност и љубов. Место за пристигнување до вашите граници и место за набљудување на истите. Начин да го пронајдете патот засекогаш во вашето срце

 Надица

Ако јогата е голем дел од вашето секојдневие, и сте желни за промена, тогаш оваа обука е за вас!

Не чекајте го совршениот момент! Совршениот момент е СЕГА !Направете ја клучната промена – Уписите се веќе во тек !

Местата се ограничени!


Што добивате?

– Сертификат од Јога Alliance® за успешно завршена обука за учители по јога од 200 саати (УТТ 200) – најголемото светско здружение за Јога – што ви овозможување вработување како јога учител ширум светот

– Продлабочено искуство во вашата сопствена јога пракса – ново пронајдена љубов кон јогата

– Програма формирана според стандардите на Јога Alliance®. Покриени се следните теми: асана, анатомија, пранајама, медитација, филозофија, јогиска исхрана, итн.

– Местото на учителот – како правилно да водите час – од јасни вербални инснтрукции до давање простор секој слободно да се изрази

– Можност за вработување во Inside Yoga како јога унструктор

За повеќе информации пратете и порака на Неда на вибер на 078 238 472 или контактирајте ја преку e-mail: nedakocare@gmail.com


Програмата се содржи од:

1.Јогиска техника и практика:

  • Обработка на Асани 1 дел: детален преглед на сите асани од прва серија на Аштанга Винјаса
  • Обработка на асани 2 дел:  извиткувања наназад, усукувања, инверзии, баланси на раце, итн.
  • Јин јога: балансирање со јанг јогата за холистички пристап
  • Анатомија и физиологија: разбирање на вашите  телесни разлики
  • Биомеханика: како безбедно да се движиме кроз нашата јога пракса

2. Методологија на предавање

  • Демонстрација на асани низ посебни фази за секоја асана
  • Вербално водење и упатства за изведба на асаните
  • Hands-on техники за прилагодување и правилна изведба на асаните
  • Дишење, банди и дришти
  • Истегнување на умот со телото и обратно
  • Јогиска етика
  • Инспирирање на вашите студенти и поставување намера за искрена пракса

3. Суптилна свест на телото

  • Крии: техники за прочистување при секојдневна употреба и придобивки од истите
  • Пранајама: придвижување и урамнотувањена енергијата низ  енергетските канали
  • Медитација: истражување на техники, вежбање и пронаоѓање на придобивките од медитацијата
  • Чакри: основи на системот на енергетски центри во телото и практична медитација по чакри
  • Ајурведа: основи на систем на енергетските доши, типизација и основни карактеристики на истите и совети за практична примена
  • Панча коша: основи на системот на пет обвивки (тела) и значењето на овој систем за подобро поимање на нашето битие

4. Филозофија на јогата

  • Јога-сутри на Патаџали: обработка на основниот водич за духовен раст низ јогата и толкување на истите
  • Култивирање на свесност: како преку техниките и методите на јогата да развиеме поголема само свест, што ни помага да пронајдеме прифаќање и љубов кон себе и светот околу нас
  • Исхрана и екологија: важноста на холистички пристап
  • Да се ​​биде современ јоги: да се надмине традицијата

Дополнителни информации:

– Вкупната обука трае 200 саати што ќе бидат обработени за време на викенди во наредните 5 месеци
– Обуката почнува на 4ти ноември и завршува на 3ти март
– Обуката ќе се оддржува за време на викенди: 10 вкупно викенди распределени во следните 5 месеци. Секоја сабота и недела од 8 до 4.
– Потребно е претходно 6 месеци минимум да сте вежбале јога (во дадени случаи, можен е исклучок на ова правило)
– За време на обуката, потребно е редовно да се посетуваат јога часови
– Задолжително присуство на сите викенди
-Можност за надокнада на пропуштени викенди за време на други работилници, retreat-и , и сл.
– Можност за плаќање на 5 рати
– Додела на сертификат CYT 200 – Certified Yoga Teacher 200 hours од Yoga Alliance (yogaalliance.org), најголемото и најпризнаено светско јога здружение – што потоа ви овозможува да предавate joga ширум светот
– Цената на обуката изнесува 1000 евра во денарска противредност


Работни викенди за време на обуката

  • 4 – 5 ноември
  • 11 – 12
  • 18 – 19
  • 25 – 26
  • 2 – 3 декември
  • 16 – 17
  • 27 – 28 јануари
  • 3 – 4 февруари
  • 17-18
  • 2 – 3 март

Во овие денови работиме од 8:00 до 16:00 со пауза за доручек.

Во месец март полагаме испити, секој од вас ќе држи еден час по јога во нашето студио и оставаме време за самостално истражување и пишување на есеј.

Ом шанти шанти 🙏

За пријавување пополни го следниот ФОРМУЛАР

Ако имате дополнителни прашања обратете се кај Неда на: nedakocare@gmail.com или на вибер/whatsapp по порака на 078 238 472.