
Сања е дипломка при Медицински факултет – Скопје на отсекот логопедија. За првпат присуствува на јога час на крајот на 2016 година и решава да се запише на hatha yoga на почетокот на наредната година. Првиот впечаток кој го добива за јога го памети како обрнување внимание на дишењето и создавање врска со здивот (кој забележува дека не е секогаш ритмичен), но и создавање врска со телото (кое сфаќа дека често било во несвесен грч). Таа продолжува редовно да присуствува на часови по hatha yoga, меѓутоа како и кај сите деца на сонцето така и кај Сања почнува да преовладува љубопитноста и го открива постоењето на Inside Yoga и сите прекрасни учителки таму, па преку тоа и постоењето на ashtanga yoga. При враќањето накај дома после првите часови по ashtanga yoga чувствува поголема стабилност и свесност, дури и во пешачењето. Јогата ја поистоветува со потсетник (не само присутен за време на часовите, туку неизбежно провлечен и во секојднавието) кој и кажува да биде тука и сега кога пешачи, вози точак, се вози во автобус или е во било кое друго движење, но и мирување. Чувството за време на праксата и после неа и прави да се освести и да се исклучи (т.е. да се вклучи во грижа за себе) во исто време. Токму поради сите позитивни чувства, мисли и искуства поврзани со јога, Сања одлучува дека сака да ја пренесе својата љубов кон јогата и да пристапи на обука за јога учители предводена од страна на Неда Коцаре.
Сања држи аштанга јога за почетници секој понеделник, среда и петок од 17:15 до 18:30. Часовите на Сања се смирени, фокусирани и невероватно избалансирани.