Слаѓана

Слаѓана е joга практикант и јога инструктор (Yoga Alliance registered RYT 200), нутриционист, реики мастер, и мајка на две дечиња. Својата страст и интерес за јогата природно ја развила во текот на првата бременост. Тоа, воедно, беше љубов на првото дишење. Таа има откриено дека јогата е моќна алатка за пронаоѓање на силата и големината на женската енергија која е вкоренета во секоја жена, а испливува токму во тој период од животот, бременоста. Како учителка, ужива во споделувањето на личното искуство на јогиската пракса кроз бременоста, пронаоѓањето на рамнотежата на смиреноста, снагата и флексибилноста за оние кои влегуваат во нов свет на мајчинството. Станувајќи мајка, таа го отвори ширум срцето и тоа го гледа како привилегија и предизвик – како нејзина примарна дарма или животна работа во овој момент. Го потенцира снажниот ефект кој што ја има јогата во бременоста врз телото на жената, самопочитта, врз самиот чин на породувањето, но, исто така, и закрепнувањето од пороѓајот и враќањето на телото во форма пред бременоста. Слаѓана со својата едукација и определба ја поседува моќната комбинација на јогата со нутриционизмот. Таа цврсто верува дека јогата и исхраната се во синергија и дека полезноста на јогата има силно влијание во стилот на животот, но и дава потпора за прифаќање на нов интуитивен пристап на исхраната. Нејзиниот стил на подучување е базиран врз фокусот на интеграција на мудроста и интуицијата, како да се ослободите од стари навики и направите место за нови.