Софија

Софија е дипломиран социјален работник на Филозофскиот факултет во Скопје.
Своето долгогодишно и волонтерско искуство како социјален работник и работа со лица под ризик, ја натера својата позитивна енергија да ја насочи кон ново себезапознавање како јога инструктор.
За прв пат се запознава со аштанга јога на час кај Неда Коцаре, после првиот час и се јавуваат чувства на задоволство и среќа. Преку праксата на часовите кај Неда и се зголемува желбата за подлабоко себезапознавање , истрајност и љубов кон самата себе затоа се запишува на обука за Јога учители во 2020 година и започнува да навлегува подлабоко во релација на умот и телото.
Своето јога патување на часовите од обуката ги доживува како “патување по облаци” 😊 на кои си го има пронајдено сопствениот внатрешниот мир, го запозна своето тело колку е флексибилно, истрајно и фокусирано. Сето стекнато искуство преку пракса сака да го пренесе на останатите студенти кои имаат желба да започнат со јога пракса.
Софија држи утринска Аштанга јога за почетници во понеденик и среда од 8:00 – 9:15 часот.