Ashtanga Yoga
Ashtanga Vinyasa Yoga е активна јога, со однапред одреден систем на асани поврзани со винјаси, кои се изведуваат по истиот редослед, со цел јога праксата со текот на времето, со дисциплинирано и редовно вежбање да стане медитација во движење.
Аштанга винјаса јога е форма на класична индиска јога која следи низа од јога асани поделени на 4 нивоа. Јога практикантите почнуваат со основите на првата серија и прогресивно напредуваат кон секоја следна асана само од кога ќе ја совладаат претходната асана. Ова служи за да нѐ научи на трпение, истрајност и соочување директно со предизвикот пред нас.
Примарната серија или yoga chikitsa (јога терапија) е дизајнирана да создава топлина и да ги елиминира акумулираните токсини во телото. Со аштангата се развива флексибилност и цврстина на мускулите, се стимулира крвотокот, дистрибуцијата на кислородот во клетките, дренажата, се зајакнува парасимпатичниот нервен систем и се подобрува работата на ендокриниот систем. Методот Аштанга Јога се состои од три главни елементи: ujjai дишење, банди (мускулни и енергетски клучалки) и дришти – фокусиран поглед. Асаните се поврзани преку винјаса (свесно чекорење – еден здив, едно движење) кои служат да се поврзат во една целина асаните во таа однапред систематизирана низа, а со винјасите и уџаи дишењето се задржува топлината во телото, се загрева организмот и се прочистува преку зголемена циркулација и потење. Со редовна пракса освен придобивките на физичко ниво, целта е да се смири умот и да се достигне состојба на присутност на овде и сега – на часот, и вон часот.
Во Inside Yoga има часови Ashtanga:
ASHTANGA ЗА ПОЧЕТНИЦИ
се часови за оние кои сакаат да се обидат да практикуваат аштанга и за практиканти со базично познавање на асаните од првата серија. На овие часови се практикува скратена серија, со инструкции за правилна изведба на асаните, со побавно темпо со цел практикантите да се запознаваат полека со серијата асани и со триштана методата.
Аштанга за почетници има секој понеделник, среда и петок од 17 до 18:15 часот, и секој вторник и четврток од 20:15 до 21:30 часот.
ЗАЧИНЕТА АШТАНГА
се водени часови на аштанга јога прва серија, зачинети со по некоја додадена асана од втората серија. Наменети се за почетници, како и за понапредни практиканти, со фокус на триштана методата.
Зачинета аштанга има секој понеделник, среда и петок од 18:45 до 20 часот.
MYSORE CLASS
Аштанга Мајсор е традиционален формат на вежбање Аштанга винјаса јога. Секој практикант вежба самостално (што значи дена овој час не е воден), во присуство на учител што го набљудува прогресот на практикантот, му помага при изведување одредени асани и го мести правилно во асаните. Сите нивоа се добредојдени.
Преку овој метод, може да се посвети индивидуално внимание на секој студент, без разлика каде се наоѓа тој/таа во својата пракса. Практикантите исто така можат да го пратат своето сопствено темпо (својот сопствен здив) и да работат според своите индивидуални потреби.
Нови студенти (почетници) добиваат пократка серија на асани која што треба да ја практивуаат, и од час на час се додаваат асани според прогресот. Асаните, исто така, се модифицираат според потребите на студентот, во зависност од личните потреби.
Времето за пракса е предвидено од 7:30 до 9:30 наутро. Ова е време кога учителот ќе биде во шала – но вие можете да дојдете во кое време сакате ( во зависност од тоа колку време трае вашата пракса или колку време сакате да вежбате тој одреден ден) почнувајќи од 7:30 наутро но имајте на ум дека до 9:30 часот ќе мора да ја завршите вашата пракса и да ја напуштите шалата.
Мајсор часови има секој вторник и четврток од 7:30 до 9:30 часот.
POWER YOGA
Power Јога е активна и динамична јога, со повеќе акцент на асани за сила и издржливост, споени со винјаси и побрзо темпо во текот на часот.
Во основа на power yoga часовите се работи со истите методи на аштанга јогата: ujjai дишење, банди (мускулни и енергетски клучалки), но асаните се менуваат и не се подредени во иста низа како на аштанга јога часовите.
Power yoga е модерна јога, дизајнирана за оние кои повеќе се пронаоѓаат во стил на вежбање каде се бара поголем предизвик на физички план, со предност на фитнес и кардио вежби и асани за баланси на раце и инверзии.
Преку поголем физички напор и со фокус на дишењето, целта како и во секоја друга јога е да се смири умот и да се трансформира енергијата преку физички вежби.
Power јога има секој понеделник, среда и петок од 20:15 до 21:30 часот онлајн.
VINYASA FLOW
Vinyasa Flow е јога час во кој асаните се поврзани со винјаса – движење кое претставува полу-поздрав на сонцето, а кое се користи како линк во кој се усогласени дишењето и движењето, со цел да се задржи целината во текот на часот, и излезот односно влезот од една асана во друга.
Основите на винјаса флоу се земаат од аштанга јогата: ujjai дишење и банди (мускулни и енергетски клучалки), а асаните не се однапред подредени во систем како во аштанга јогата, туку се менуваат по избор на учителката која треба да има одличен сенс за групата, за нивото на флексибилност и сила на практикантите и да се прилагодува часот секојпат одново според она што го „носи“ групата.
Преку следење на инструкциите, „предавање“ на учителот и препуштање на оној flow кој се создава на часот, целта е да се трансформира енергијата преку физичкото тело и да се смири умот, она што е цел и на секој јога час.
Винјаса часови има секој понеделник, среда и петок од 9:30 до 10:45 и секој вторник и четврток од 18:45 до 20 часот.
Ресторативна Јога + Јога нидра
часовите се бавен тип на јога каде во текот на часот се изведуваат помал број на асани, не се поврзани со винјаси и се става акцент на бавното дишење.
Ресторативната јога преку јога асани ги растегнува и зацврстува мускулите на телото, ја зголемува циркулацијата, го разбудува лимфниот систем и го активира парасимпатичниот нервен систем преку кој се намалиѓува крвниот притисок, отчукувањата на срцето и му се дозволува на телото да се регулира самостојно. Истото доведува до ублажување на вознемиреност, стрес, депресија, и физичка напнатост. За потоа, преку јога нидра да нурнеме во една лековита и долга медитација.
Јога нидра е еден вид на медитација,или свесно спиење, каде легнатви во шавасана, и под водство на учител, нурнуваме во едно длабоко телесно и ментално опуштање.
Ресторативна јога + јога нидра има секоја сабота од 18:30 до 19:15 часот.
YIN YOGA
Jин јога е бавен стил на јога асани, кои се држат подолги периоди на време – од 45 секунди па се до 5 минути или повеќе.
Jин јога применува умерен стрес на сврзното ткиво на телото – тетивите, фасцијата и лигаментите – со цел да се зголеми циркулацијата во зглобовите и да се подобри флексибилноста. Повеќе медитативен пристап кон јогата, јин има за цел да ја зајакне свеста за внатрешниот молк и да го осветли универзалниот, меѓусебно поврзан квалитет.
Јин јога не е наменета како целосна пракса сама по себе, туку како додаток на поактивни форми на јога и вежбање.
Јин јога има секоја недела од 18:30 до 20 часот.