Тина

Тина Караташева, дипломиран наставник по одделенска настава, учител, подучувач, ментор, пријател, учесник во проекти од Невладини организации, волонтер во основни училишта, како кај нас така и во странство, своето јога патување го започнува во 2012 година за време на нејзиниот две годишен престој во Америка, кога сосема случано доаѓа во контакт со Кино Мекгрегор, која преку своето јога патување успева да отвори еден нов свет пред нејзините очи. Секое ново изгледано видео, секоја секојдневна пракса, секоја посетена конференција и работилница само ја водеа подлабоко и подлабоко во светот на Аштанга јогата. Самата суштина,природа , филозофија и традиција на Аштанга јогата успеаа да ја убедат Тина дека тоа е нејзиниот животен пат, дека оваа пракса е и повеќе од вредна да се сподели и учи, а најважно е сознаето дека таа сака да биде тој учител водич, тој оној кој ќе ги отворите вратите за сите љубопитни јога истражувачи. Така одлуката да започне обука од 200 часа teacher training во првото училисте за јога учители во Македонија водено од Неда Коцаре, не беше ни малку неочекувана, напротив долго исчекувана. Таа верува да се има инспирација и ментори како Ларуга , Јохн Скотт, Патаби Џоис е чест, можноста да се види, почуствува и доживува истата посветеност, предаденост и дисциплина која ти самиот ја имаш во секое движење, да се најде цел и значење во секоја асана, да се даде љубов со секој здив е доволна мотивација за сета напорна работа, напорно учење и живеење живот посветен на Аштанга јога. Јогата успева да и покаже на Тина еден пат каде нејзините два света можат да добијат еден прекрасен спој, каде едукацијата и нејзината животна филозофија и стил на живот добиваат еднолична димензија. Спој каде подучувањето е водено менторство, а сопствениот раст и развој е секојдневно охрабрен.