Христина

Христина е дипломиран психолог при ФЗФ и негува долгогодишна соработка со невладини организации надвор од Македонија. Го започнува своето јога патешествие ~2014та година со самостојно истражување на јога асани со цел да ги почувствува и помести границите на своите тело и ум. По започнување на редовна секојдневна пракса завршува во прегратките на Неда, во Inside Yoga, во втора генерација ученици на обука за учители во 2017/18 година.

По завршување на обуката заминува да живее во Германија каде и’ е отстапено место за јога училиште во склоп на алтернативен младински центар. Притоа, станува партнер и основач на Nia Domo – Ecoyogical, прв проект кој функционира под симбиозата на грижата за себе и грижата за природата.

По враќањето во Македонија држи часови во Inside Yogа кои се карактеризираат со непрекинат тек, длабоко истражување на движењето на телото и умот, но и чувство на максимална искористеност на сопствениот капацитет. Интензивна, но внимателно одбрана медитација во движење која ќе го предизвика и најнемирниот ум.

Нејзиното присуство во шала носи леснотија и светлост, додека асаните се нанижани да бидат добар предизвик и вистинско уживање, оставајќи спокој во воздухот.

Христина држи Vinyasa Flow секој вторник и четврток во 18:45.