Даниела

Даниела е дипломиран правник и италијанист, од како знае за себе физички активна, во потрага по дисциплина на која ќе и се посвети. По долги години практикување фитнес и пилатес, во 2013 година за прв пат се запознава со јогата и во неа го пронаоѓа делот што и фали. Во 2016 година присуствува на промотивните часови на една од инструкторките од првата генерација на Обуката за инструктори во Inside Yoga и тогаш за првпат се запознава со Аштанга јога. Од тогаш Inside Yoga е нејзиниот јога дом.

Бо 2018 завршува обука за инструктори по јога од 200 часа заедно со втората генерација на обучени учители од Inside Yoga. Во 2019 година го продолжува своето надградување и се стекнува со сертификат и по Јин Јога.

Даниела држи јин јога секој понеделник и петок од 17:15 до 18:30 часот, како и јога за деца секој вторник и четврток од 11 до 12 часот.