Доротеа

Доротеа Огненовска е неколкугодишна јога практикантка, а неодамна и јога учителка. Дипломирала при Филолошкиот факултет на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Вљубеничка во книжевноста, уметноста, философијата и танцот, нејзините интереси за аералните дисциплини (aerial yoga, aerial hoop) и pole dance ја инспирираа да побара нешто повеќе од физичкото и да го насочи својот примарен фокус кон релацијата на сопственото тело со сопствениот ум.
Доротеа за прв пат се запознава со Аштанга јога во 2020 година на Аштанга LED (воден час) и потоа завршува обука за учители YTC 200 кај Неда Коцаре. Преку нејзината пракса сѐ повеќе се интересира за начинот на кој сите осум гранки на аштанга јогата можат да се инкорпорираат и применат во самото изведување на асаните и секојдневниот живот. Систематичноста, синхронизацијата на телото со здивот, секое одмерено движење и позиционираноста на телото за време на аштанга праксата се главните фактори и причини за нејзината љубов кон Аштанга јогата сѐ повеќе да расте.
Нејзините стремежи се насочуваат кон потрагата на синергија помеѓу благодатите од сопствената јога пракса и малите ритуали на секојдневниот живот.
Нејзините јога часови го следат традиционалниот метод на вежбање на аштангата преку броење на винјасите, фокус на здивот и дришти – точките на фокус со финална цел да го трансформира процесот на вежбање во медитативна состојба на умот.