Мандалата е спиритуален и ритуален симбол употребуван во различни источни древни култури како во Хиндуизмот, Будизмот, Таозмиот и тн. Преку вид на дијаграм или графикон, на геометриски патерни и фигури, го претставува Универзумот.
Метафизички и симболички ја репрезентатира внатрешна состојба на микрокосмосот во нас самите, нашето јаство и го рефлектира боженственото, тоест макрокосмосот на универзумот.
Мандалата претставува релација на човекот со бесконечниот свет, пресликувајки се преку физичкото и менталното до спиритуалното.
Секоја мандала е еден посебен свет кој одговара само на личноста која го создава, како свој личен духовен печат – симбол.
Додека се создава мандалата сме во директен контакт со внатрешното јас – па поради тоа не обзема смиреност и внатрешна хармонија, мислата се стишува и останува само ритамот на нашето срце и дишењето кои не воведуваат во медитативна состојба.
Кога еднаш ќе создадете мандала и ќе спознаете што лежи во вас, ќе посаката повторно да застанете пред парчето хартија со молив во рака и да запловите во океанот на бесконечното многу форми и можности.
МАНДАЛИТЕ И НИВНОТО ЗНАЧЕЊЕ НИЗ СВЕТОТ

Мандала од Викторија Поп
Наједноставно кажано Мандалата е света геометриска фигура која го претставува Универзумот. Зборот ,,мандала“ доаѓа од најстариот јазик во светот-Санскрит, и означува-круг, есенција, содржина, имање…
Мандалата за првпат се појавува во РИГВЕДА – Знаење за песните, поезијата, една од најстарите свети книги од Хиндуизмот и светот воопшто,компонирана на Санскрит околу 1.500 год. пред нашата ера во регионот на денешна Индија и Пакистан.Се пренесувала орално, од човек на човек, од заедница на заеднца, пред да биде запишана во 300 год. пред наша ера. Таа се состои од колекција на 1.028 поеми групирани во 10 мандали-кругови. РИГВЕДАТА содржи содржини ритуали на раѓање, обичаи за бракот и церемонии за смртта. Религијата која се одразува во РИГВЕДАТА изложува верувања во повеќе богови кои се поврзуваат со небото и атмосферата. Најважни божества се -ИНДРА- главниот крал на боговите, ВАРУНА – Чувар на космичкиот ред, АГНИ – Бог на огнот и СУРИА – Бог на сонцето.
Зародокот, зачетокот и изворот на сето знаење за животот, космосот и целиот универзум е запишан во светите древни списи – ВЕДИТЕ. А дел од ведите е и оваа Ригведа – колекција на поеми,химни,епови-упанишади и т.н.
Мандалата ја репрезентатира боженствената енергија, светот внатре во нашето тело и ум и светот надвор, микрокосмосот во себе и макрокосмосот однадвор.
Мандалата претставува целина, космички дијаграм потсетувајки не на нашата релација со бесконечноста, продолжувајки низ и преку нашето тело и ум.
Мандалата се појавува во секој аспект од нашиот живот-земјата е кружна, сонцето, месечината, планетите, кругот на семејството, пријателите, социјални заедници и т.н. Мандалата е циркулирачки дизајн кој не потсеќа и симболизира на живот што никогаш не завршува.
Мандалата се изработува од внатре од центарот кон нанадвор, почнувајки од централната точка во средина. Средната точка е почеток од кој се разгрануваат од страна надворешните енергии и се цртаат како движечки сили на изразување. Ова го одразува внатрешниот и надворешен простор , вселенски интерпланетарен космос, временското растојание со цел да се отстрани поделбата, дихотомијата на објект-субјект.
Мандалите може да ги видиме на многу духовни места, што не потсетуваат на присуство на светост и побожност во универзумот и светот и на нивниот потенцијал. Во храмските ритуали мандалата се употребува за да прими боженствена сила што ке се рефлектира во самата слика и потоа ке се одрази на човекот, на посветеникот и ке го штити од демони, лоши негативни сили и енергии. Мандалата е користена во многу Древни Култури и Спиритуални традиции низ цел свет. Во стариот исток-Кина,Јапан,Тибет,Индија,Египет…..
МАНДАЛАТА КАЈ ДОМОРОДНИТЕ АМЕРИКАНСКИ ИНДИЈАНЦИ
Медицинско тркало или песочни мандали.
Медицинското тркало или светиот обрач е исцелувачко лековито тркало кое ги претставува четирите насоки – исток, запад, север и југ, преку боите – црна, жолта, црвена и бела. Елементите – Оган или сонце – спиритуалното, Воздух – менталното, Вода – емотивното и Земја – физичкото. Животните – Сокол, Мечка, Волк, Бафало и Растенијата – Тутун, Жалфија, Чедар, sweet grass. Како ритуал на древните индијанци во Америка е користен танцот, каде што се вртат во круг, играјки сите се движат во правец на стрелките од часовникот.
ЗНАЧЕЊЕТО НА МАНДАЛАТА КАЈ АЦТЕКИТЕ
Циркуларниот календар на Ацтеките е во форма на круг-мандала. Светиот календар на Ацтеките во Мексико содржи 365 дена календарски кругови и 260 дена ритуални кругови. Календарот наречен – xiuhpohualli – ги дели деновите и ритуалите на богови.
Ацтецкиот Календар може да се замисли како две тркала споени еден со друг, во еден. Едното тркало ги има броевите од 1-13 напишани на него, а другото тркало има 20 симболи. И бројот 1 одговара со првиот симбол, кога тркалото почнува да се врти, бројот 2 одговара со вториот симбол. После 14 четиринаестиот ден, тркалото со броеви пак го покажува бројот 1. После 260 дена и двете тркала се вракаат на почеток, на почетна позиција. Секој ден покажува одредено божество или сила на елементите и ги означува енергиите и активностите за тој ден.
ЗНАЧЕЊЕТО НА МАНДАЛАТА ВО ТИБЕТ
Мандалата во Тибет има комплексна геометриска форма и често се користи во медитацијата. Мандалите обично се правеле од обоен песок, за да се означи непостојаноста на материјалниот свет. Откако ке ја направат мандалата, монасите ја растурале фрлајки ја во реките за да ја благословат водата, овој ритуал го симболизира кругот на животот. Мандалите во Тибет од традиција на Тантрик Будизмот се свети геометриски фигури што го означуваат Универзумот. Монасите додека ја создаваат мандалчата мантраат.
ЗНАЧЕЊЕТО НА МАНДАЛАТА КАЈ ТАОИСТИТЕ
Во Азија, Таоистичкиот симбол Јин – Јанг мандала – круг кој го претставува универзумот – бог. Јин – Јангот е круг поделен на две половини едната е бела а другата црна. Во секоја од нив има помал круг од спротивната боја. Симболот означува – ТАО (Боженствено, Универзум-Бог), ЈИН (Праисконска женска енергија) и ЈАНГ ( Машка енергија ), што дава раѓање на целиот манифестиран свет. ЈИН-ЈАНГ коегзистираат заедно играјки го нивниот космички танц, трансформирајки се еден во друг, како денот во ноќта, живот и смрт…секоја содржи есенција од другиот.
АСТРОЛОШКО ХОРОСКОПСКО ТРКАЛО КАКО ПРИМЕР ЗА МАНДАЛА
Астролошкото хороскопско тркало е круг на животот што ги мапира сите Универзални енергии и взаемно дејствува со силите. Хороскопот е мапа на небото – Сонцето, Месечината и Планетите се во динамична релација меѓу себе во специфичен период, време гледано од земјата. Има 12 хороскопски знаци со нивните планети и секој знак и секое созвездие – консталација на планети има свој енергетцки патерн, што влијае на луѓето на земјата. Тоа е обид да се разбере универзалното право што се манифестира на земјата за да се разбере господ – бог и неговата манифестација. Астролошкото – Хороскопско тркало ја покажува земјата во центарот и околу неа, планетите.
ЗНАЧЕЊЕТО НА МАНДАЛАТА ВО ЈОГАТА
Во Јога праксата мандалата се користи за да ја поддржи медитацијата. Различни мандали претставуваат различен бог. Мандалата обично е слика направена за да го инспирира Спиритуалното зреење и себеизразувањето. Мандалата во различни спиритуалнин пракси е користена како алатка за учење како да го фокусираме вниманието и да ја констатираме светата вселена , и да навлеземе во медитација и трансценденталното.
Еден пример е ШРИЈАНТРАТА ИЛИ Чакра ( Свето тркало ), кое претставува цртеж составен од 9 триаголници во круг кои радираат надвор од центар точката, и претставуваат креација на универзумот и унија на машката и женска енергија. Четирите триаголници свртени нагоре го симболизираат ШИВА и петте триаголници свртени надолу ја симболизираат ШАКТИ. Деветте триаголници се од различни големини, а во средина е силната точка – БИНДУ, визуалиризирајки го невидливиот центар од кои сите фигури и космосот се шират.
ШАКТИ – сила, моќ, цврстина, енергија…космичка енергија која ги претставува динамичните сили што се движат низ универзумот. Персонификација на женствената енергија, ГОЛЕМАТА БОЖЕНСТВЕНА МАЈКА. АДИШАКТИ ИЛИ АДИПУРУША – креативност, плодност.
Индиците веруваат дека ШАКТИ е одговорна за сие креации и е агент на сите промени. ШАКТИ е космичко постоење и ослободување како КУНДАЛИНИ ШАКТИ -мистериозна психо-спиритуална сила. Шакти е женската енергија на ШИВА. Инкарнации на Шакти се- ГАНГА, ЈАМИНА, КАМАКШИ, КАНАКАДУРГА, МАХАЛАКШМИ, МАХАСАРАСВАТИ, МАНАСА, МЕНАКШИ, МАРИАММАМ, ЈЕЛАММА, ПОЛЕРАММА И ДР.
ЗНАЧЕЊЕТО НА ЦВЕТОТ НА ЖИВОТОТ
Симболизмот на цветот на животот има длабоко спиритуално значење, формата е во облик на мандала создадена од мултиплицирање на кругови кои се вкрстуваат и преплетуваат едни со други. Патернот на Цветот на Животот е пронајден во старите древни култири како симбол што ја опишува еволуцијата на животот и ги носи во себе аспектите на простор и време. Се има математички патерн, цветот на животот претставува патерн на универзалната животна сила. Симболот е пронајден изгравиран на камен во Храмот на Озирис – Абидос во Египет -бог на плодноста и вегетацијата пандан на грчкиот бог Дионис, и е можно да го репрезентатира Окото на Ра – богот на сонцето. Подоцна симболот се појавува и во Феникиската, Азиската и Христијанската Уметност. Денеска популарни се мистичните и окултни цртежи на Леонардо да Винчи од Цветот на животот. Сваќајки го симболот на цветот ни помага да го сватиме животот и тоа како работи Универзумот. Симболот се користи исто и за време на медитација, или како заштитнички симбол, а некои го користат како прочистувач на водата.
Автор: Марија